Пребарување
Време

Click for Ohrid Aerodrome, Macedonia Forecast

За Охрид

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро.

повеќе тука...


 

Самуилови тврдина

Уште во петиот век од нашата ера Охрид се споменува од римските историчари како град со тврдини, кој како и другите римски градови на Балканот се брани од наездите на скитачките племиња, при големото преселување на народите во 4 и 5 век. Закрепениот Охрид во 479 година ја одбил опсадата на готскиот крал Теодор.

Во подоцнежните векови Византија ги користи овие тврдини и сигурно ги поправа и проширува.Словените навлегуваат во Охрид без некои големи уривања. Но, Охрид како престолнина на Самоиловото царство има обновени и доста јаки бедеми. Денешната форма на тврдината потекнува од времето на цар Самуил макар што и по него постојат податоци за разурнувања и повторни поправки на тврдината од страна на Турците и Византијците.

Повеќе тука...

 


 

Плаошник

Плаошник или Плаош се нарекува месноста на јужната страна од ридот на кој се наоѓа стариод град Охрид, на околу 250м јужно од централниот дел одСамуиловата тврдина.

Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците нахристијанството, а веројатно и пред тоа. Пронајдени се неколку големи ранохристијански базилики, како и остатоците од црквата Свети Пантелејмон која ја изградил и во која работел Свети Климент Охридски.

Повеќе тука...

 


 

 

Манастирот Свети Наум

Манастирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наумаклиментовиот соработник. Наум пред крајот на својот живот го основал и манастирот Св. Архангел, а во 910 во него е погребан. Во испитувањата кои се вршени е дојдено до сознание дека првобитниот манастир св. Архангел имал триконхос (во форма на детелина), а во централнит дел имал нартекс.

Повеќе тука...


 

 

 
Skype Статус

My status

Пријатели

opstina

 

Site Meter
<